Манасков и Рајн Некар без напор ја минаа првата пречка во Купот на Германија

Тимот на Рајн Некар Левен, каде настапува македонскиот интернационалец Дејан Манасков, без никакви проблеми славеше на гостувањето кај тимот на Хошдорф со 42:19 во првата рунда на Купот на Германија.

Манасков не играше многу на овој меч и беше стрелец на 2 гола од 3 обиди и тоа сите од контранапад. Најдобар стрелец за Рајн Некар беше неговиот колега на лево крило, Гудјон Валур Сигурдсон со 6 голови.

Во следната рунда се пласираа и тимовите на Вецлар, кој без повредениот Миркуловски го победи Хутенберг со 30:25, како и Бергишер на Ацо Јоновски, кој во победата над Емсдетен со 28:21 заработи жолт картон.