Саздовска беше втор стрелец во триумфот на Турингер над Бенсхајм

Тимот на Турингер, каде што настапува македонската репрезентативка Јована Саздовска, забележа нова победа во Бундес лигата.

По победата на Курфалц пред три дена, Турингер оствари уште еден триумф, овојпат над Бенсхајм со убедливи 29-22.

Нашата репрезентативка беше втор стрелец во победата и успеа да постигне четири погодоци од пет обиди.