НАЈ НАЈ НАЈ…Фотогалерија на годината: Многу емоции и овации за крај на вардаровата бајка

Во годината што полека изминува, главен настан беше освоената европска титула на ракометарите на Вардар, иако се соочува со големи проблеми во текот на цела година.

Најпосетуваната фотогалерија на нашиот сајт беше онаа од последниот сезонски натпревар во СЦ „Јане Сандански“ против унгарскиот ПИК Сегед.

„Ракометарите на Вардар забележаа победа во својот последен меч сезонава во СЦ „Јане Сандански“. Денеска го надиграа Пик Сегед и го совладаа со 31:23 со што добија убава предност пред реваншот и тргнаа полека кон ново учество на Ф4 турнирот во Келн. Многу емоции и многу овации имаше во вардаровиот бастион, солзите течеа и кај навивачите и кај ракометарите. Дотаму ги делат уште 60 минути во Сегедин каде на 5 мај ќе се биде голема битка за севкупен четврт-финален триумф“