НАЈ НАЈ НАЈ…Фотографија на годината: Стоилов со победничкиот пехар во Келн

Денеска е последниот ден од 2019 година, која ќе остане запишана со златни букви во историјата на македонскиот клупски ракомет.

Ракометарите на Вардар по вторпат се искачија на европскиот трон, откако во полуфиналето се вратија од бездната и ја совладаа Барселона, а во финалниот натпревар го победија и унгарскиот гигант Веспрем.

Фотографијата на годината ни доаѓа од завршниот турнир во Келн, а на неа е моментот кога капитенот Стојанче Стоилов го крена победничкиот пехар…