НАЈ НАЈ НАЈ… Интервју со Филип Миркуловски: Никогаш не вели никогаш… (ВИДЕО)

Филип Миркуловски долги години на свој грб ја носеше македонска машка ракометна репрезентација, секогаш мотивиран, борбен и посветен на националниот дрес. Годините и беспоштедната борба оставија своја трага, откако еднаш Миркуловски се збогуваше со националниот дрес, одлучи повторно да и помогне на Македонија кога беше најпотребно. Сега „репрезентативната 13-ка“ мораше да ја насочи својата енергија на трибините и заедно со македонските навивачи да ја даде поддршката на македонската репрезентација во оваа нова мундијалска приказна.

Долгогодишен капитен на Металург, кој можеби малкумина знаат дека потекнува од тимот на некогашниот суперлигаш Македонија, а има одиграно и една полусезона во дресот на Младост Богданци. Во последните три години гради успешна кариера во Бундес лигата во дресот на Вецлар. Секогаш пожртвуван, мотивиран и посветен на ракометот, Миркуловски ја започна оваа сезона како капитен на Вецлар, можеби е една од последните за него како активен играч, но она што Миркуловски го остава зад себе ќе зборуваат за неговиот карактер и спортски дух.

Во интервјуто за 24Ракомет, Миркуловски говореше за настапот на Македонија на СП во Германија и Данска, за Раул Гонзалес и Лино Червар, заминувањето од Металург и финансиската криза, неговите наследници на теренот, како и за завршувањето на кариерата.

Интервју со Филип Миркуловски за 24РАКОМЕТ ТВ можете да го погледнете во продолжение…