ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНИТЕ ОД ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА НА „24РАКОМЕТ“

ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНИТЕ ОД ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА НА „24РАКОМЕТ“

Сите права на содржината, вклучувајќи ги и авторските, се задржани од страна на редакцијата на „24РАКОМЕТ“. Со пристапувањето на интернет-страницата на „24РАКОМЕТ“ (www.24rakomet.mk), се согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични, некомерцијални потреби.

Содржината од интернет-страницата на „24РАКОМЕТ“ (www.24rakomet.mk) не е дозволено да се копира, дистрибуира или продава, да се прикажува јавно и да се адаптира, доколку тоа не е регулирано со претходен договор со редакцијата.

Без договор со редакција „24РАКОМЕТ“, дозволено е бесплатно преземање на вести, извештаи и други написи на интернет страницата на „24РАКОМЕТ“ (www.24rakomet.mk) единствено под следните услови:

– дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот,

– на крајот од преземениот текст, интернет медиумите треба да да постават линк до оригиналниот текст на интернет страницата  на 24Ракомет, додека кај останатите медиуми треба јасно да пишува „Превземено од 24РАКОМЕТ   /www.24rakomet.mk/“ , или да се нагласи „Како што пишува 24Ракомет…“

– доколку се работи за авторски текст, кој е потпишан од конкретен автор од 24Ракомет или се работи за анализа на ракометен експерт, во преземениот текст задолжително треба да се наведе името на авторот,

– насловот на текстот задолжително треба да започне со зборот „24РАКОМЕТ“ по што следува интерпункцискиот знак две точки (на пример, „24РАКОМЕТ: Криза во екипата на Лада, Черноиваненко во Вардар“)

-Строго ЗАБРАНЕТО е преземање и на материјалите (авторска сопственост на „24РАКОМЕТ“) од медиуми кои што ги презеле од „24РАКОМЕТ“ и ги објавиле тие материјали во своите медиуми.

 

– Ниту една фотографијата НЕ СМЕЕ да се користи без претходен договор со редакцијата на „24РАКОМЕТ“, секоја употреба на фотографии кои се или не се заштитени со жиг „24Ракомет“ без дозвола од редакција „24РАКОМЕТ“ автоматски значат ваша согласност да исплатите надомест од 3000 денари без пресметан ДДВ по фотографија,  за нејзино објавување во Вашиот медиум.

Секое неовластено објавување на содржина односно видео, илустрација или текст во било кој друг медиум, значи дека медиумот е согласен да исплати 6.000 денари без пресметан ДДВ, по едно објавување на една илустрација, видео и текст.

Со самото објавување тој што неовластено ќе ја објави содржината, односно фотографија, видеото, илустрација или текстот се согласува на овие услови и се согласува покрај граѓанска одговорност, издавачот да му испрати фактура според цената објавена во овие правила и се согласува да ја плати во рок од 8 дена по приемот на истата. Во спротивно ке му биде пресметана законска камата.

Единствен исклучок се сајтовите-агрегатори кои можат да ги преземаат текст и фотографии во нормалните рамки од нивното функционирање.