ГОДИНАТА НИЗ ФОТОГРАФИИ…

Денеска е последниот ден од 2019 година, која ќе биде запишана со златни букви во историјата на македонскиот ракомет. Ракометарите на Вардар станаа по вторпат европски шампиони, откако на завршниот турнир во Келн ги победија Барселона и Веспрем.

Еурофарм Пелистер имаше одлични изданија во плеј-офот и му го зема второто место во Македонија на Металург, а со тоа обезеди и место во СЕХА лига, каде има солидни резултати, додека во дебитантскиот настап во Лигата на шампионите остави добар впечаток, иако не обезбеди втора фаза.

Машката репрезентација имаше неуспешен настап на Мундијалот во Германија и Данска, бидејќи не стигна до главната рунда, додека женската сениорска селекција не успеа да обезбеди место на СП во Јапонија, откако на два пати беше поразена од Словенија.

Младинските селекции во женска конкуренција имаа резултати за заборав на ЕХФ шампионатите, додека во машка кадетска конкуренција, момците на Брестовац стигнаа само од осминафиналето и играше за пласман.

Погледнете како изгледаше ракометна 2019 година низ фотографии…