Саздовска и Турингер немаа проблеми против Курфалц

Тимот на Турингер, каде што настапува македонската репрезентативка Јована Саздовска, оствари убедлива победа во осмото коло од Бундес лигата.

На домашен терен, Турингер го победи составот на Курфалц со 34-21, а победникот беше најавен уште во првиот дел кога домаќинките водеа со 17-12.

Саздовска погоди два пати од два обиди на овој натпревар, а во следното коло нејзиниот тим повторно ќе игра на домашен терен, овојпат против Бенсхајм.