Ивана Саздовски во Германија

Левиот бек на Mакедонската репрезентација и ЖРК Вардар, Ивана Саздовски во идната сезона ќе настапува во Германија за екипата на Кобленц. Македонската Репрезентативка беше дел од дрим тимот на ЖРК Вардар СЦБТ но со доаѓањето на светските ракометарки од типот на Лекиќ, Пино, Хмирова, немаше простор за игра и во оваа сезона беше дел од вториот тим ЖРК Вардар. Германската лига е една од најсилните во Европа,  па така Саздовски ќе има што да покаже во бундеслигата. Ова ќе биде трета дестинација на Саздовски во Европа, покрај настапите кои ги имаше во Шведска и Австрија.