Вардар ќе мора да бара десно крило: Шишкарев се сели во Веспрем!

Европскиот првак Вардар на крајот на сезоната останува без десното крило Данил Шишкарев. Рускиот репрезентативец нема да го продолжи својот престој во Скопје и во новата сезона ќе ги брани боите на унгарскиот гигант Веспрем.

Шишкарев ја продолжува преселбата на ракометари од Вардар во Веспрем, ако се знае дека претходно во иста насока заминаа Арпад Штербик, Рожерио Мораес, Вуко Борозан…како и Давид Дејвис и Марија Лојаница кои работеа во „црвено-црниот“ тим.

Шишкарев во Веспрем ќе го менува словенечкиот интернационалец Драган Гајиќ, кој по четири сезони си заминува од унгарскиот првак, а Русинот ќе формира дуо со уште еден Словенец – Гашпер Маргуч, кој го продолжи договорот пред десетина дена.

Руското десно крило дојде во Вардар во 2014 година и ја игра шестата сезона во европскиот првак, со кој освои две титули во Лигата на шампионите. Потекнува од школата на Астрахан, а четири сезони играше и во рускиот Чеховски Медведи.