Дмитровиќ и Штериова го напуштаат ЖРК Вардар СЦБТ

Марина Дмитровиќ и Марија Штериова наредната сезона нема да бидат дел од ЖРК Вардар СЦБТ. Српската репрезентативка во редовите на Вардар пристигна  во ланската сезона како потенцијално засилување од Јагодина, од натпревар во натпревар Дмитровиќ играше се подобро . Со доаѓањето на врвните ракометарки , оваа сезона Дмитровиќ доби мала минутажа во клубот.  Паралелно покрај Дмитровиќ клубот го напушта и Марија Штериова која исто така дојде во Вардар минатата сезона од Жито Прилеп. Штериова во Вардар голема минутажа добиваше во регионалната лига и супер лигата, а во лига на шампионите ретко .

steriova

Според шпекулациите, Дмитровиќ кариерата би ја продолжила во Турција, а пак Штериова во Унгарија.

Факт е дека Штериова е младa  , и потребно е искуство и надвор. Унгарската лига се вбројува меѓу најдобрите во Европа