По Вугринец – Скубе: Брестовац го „најави“ новиот среден бек на Македонија?!

Откако поранешниот словенечки репрезентативец Ренато Вугринец доби македонски пасош и настапуваше за Македонија на Светското првенство во Катар во 2015 година, уште еден поранешен словенечки репрезентативец е на добар пат да заигра за нашата репрезентација.

Станува збор за Сташ Скубе, членот на Вардар, за кој веќе неколку месеци се шпекулира дека има постапка за добивање македонски пасош. По репрезентативната пензија на Миркуловски, во играта на националниот тим недостига плејмејкер од негов калибар, па РФМ ќе се обиде со натурализацијата на Скубе да ја пополни таа празнина.

Ова меѓу редови го „најави“ и селекторот Брестовац, кој истакна дека на националниот тим му недостига среден бек, низок по раст, кој ќе биде лидер на теренот. Според описот, тоа се однесува токму на Скубе, кој има одлични партии во дресот на Вардар оваа и минатата сезона.