Алушовски: Не сакам да бидеме турнирска екипа – формата ја темпираме за ЛШ

Уште во првиот натпревар на турнирот во Струга екипата на Еурофарм Работник се наметна како фаворит број 1 за триумф. Со 35-22 го победи Пролетер и почна да ја бруси формата за новата сезона во СЕХА Лигата и во ЕХФ Лигата на шампионите.

„Нас не ни е приоритет да победиме тука без разлика што сме фаворити. Јас не сакам да бидеме турнирска екипа, да победуваме на турнири а потоа да немаме резултати што се посакувани. Пред се цел и задача на стручниот штаб ни е од ден на ден сите работи да се подобруваат. Ако е добро тоа што го работиме тогаш ќе имаме резултати. Ако е некој подобар ќе му пружиме рака. За мене приоритет е играта во одбрана, нападот засега е коректен во моментов. Имаме доста недостаоци во играта во одбрана, вели Стефче Алушовски тренерот на Еурофарм Работник.

Во текот на целиот меч со Пролетер во водство беше нашиот вице-првак. На крајот имаше дури и висок триумф.

„Доаѓаме да играме после едни тешки подготовки. Задоволен сум од резултатот, но не и од играта, и од непочитувања на некои работи што се договараат. Ќе мора во од да ги решаваме работите. Имаме уште доста рабта. Ова не е нивото што го посакуваме. Нормално е да биде така, рано е се уште еден месец до тоа што н ечека.
Има стари навики кај играчите што треба да се искоренат. се надевам и убеден сум дека ќе биде добро. Момците се квалитени и знаат што се бара од нив, вели Алушовски.

Многу нови играчи пристигнаа сезонава. Ќе треба време сите коцки да се наместат и до почетокот на сезоната да се темпира посакуванот.

„Во играта во дбрана и напад ни недостасува Никола Маркоски кој ќе донесе една дополните вредност во играта. Ова што се однесува до новите играчи, задоволен сум од тоа какви личности се, колку се залагаат. Можеби тоа сега не изгледа така, но имаат квалитет и мислам дека имаме добр аекипа што ќе го извлече товарот што е пред нас, вели Алушовски. – Формата ја темпираме за почетокот на ЛШ, но и во СЕХА лигата во првите две кола ќе бидеме на високо ниво.

Во следното коло Еурофарм Работник игра со Струга. Победникот од тој дуел ќе биде прв во групата и ќе се пласира во финалето.