Тунис со искусните Хмам и Меганем ќе се борат за место во 1/8 финалето

Селекторот Сеад Хасанефендиќ го објави списокот на селекцијата на Тунис во кој се селектирани 18 ракометари за пријателскиот турнир кој од 2 до 4 јануари се одржува во Швајцарија.

Тунижаните ќе се потпрат на искуството на легендарните Меганем и Хмам, со надеж за пласман во вториот круг од натпреварувањето на Светското Првенство во Катар. Селекторот на Тунис се определи за проверени и искусни репрезентативци кои играат во европските клубови меѓу нив се Теж од Монпелје и Туати од Данкерк.
Меѓу највпечатливите на ова првенство сигурно ќе биде младата ѕвезда на Барселона, Ваел Жалуз кој ќе го предводи нападот на Тунис.
18 селектирани ракометари:
Маруне Мегаиез,Висем Хелал, Мајед Хамза, Усама Бугхами, Ајмен Туоми, Жалел Туати, Исем Теж, Махмуд Гарби, Маруне Чуиреф, Хајкел Меганем, Абелхак Бен Салах, Камел Алуини, Ајмен Хамед, Амине Бенур, Ваел Жалуз, Слим Хедуи, Мосбах Санаи, Виссем Хмам