Гајиќ најдобар стрелец, Катар нај “фер-плеј” репрезентација

Традиционално на крајот на секое првенство доаѓаат статистиките за најдобрите поединци на првенството. Имено најдобриот стрелец на 24то Светско првенството доаѓа од репрезентацијата која не елиминираше во 1/8 финалните натпревари. Словенецот Гајиќ со вкупно 71 погодок ја предводи листата на стрелци на овој шампионат a kако втор на листата се најде бившиот играч на Металург – Жарко Марковиќ кој постигна 67 погодоци. Германецот Уве Геншхајмер заврши на 3тата позиција со 54 погодоци.  Од нашите репрезентативци Кирил Лазаров се најде 7 позиција со 45 погодоци.

Иако поразен, домаќинот покрај огромниот успех која го постигна со освојување на сребрениот медал исто така го понесе и признанието за нај “фер-плеј” репрезентација оставајќи ги зад себе репрезентациите на Шпанија и Хрватска.