Познат “ол-стар” тимот на првенството

Во  идеалниот состав на првенството се најдоа дури 4 играчи кои настапија во натпреварот за златниот медал. Од репрезентацијата на Франција номинирани се двајца ракометари – Никола Карабатиќ и Тјери Омејер кој го доби признанието за најкорисен играч на првенството. Катар доби два претсатвника додека Шпанија, Полска и Словенија добија по еден претставник.
Гласањето го изврши Аналитичкиот тим на ИХФ за 24-то Светско Ракометно Првенство во состав Франтисек Таборски (Чешка), Пол Ландуре (Франција), Золтан Марчинка (Унгарија) и Диетрих Спате (Германија).


Ол стар тим:

Голман – Тјери Омејер (Франција)

Лево кирло – Валеро Ривера (Шпанија)

Лев бек – Рафаел Капоте (Катар)

Среден бек – Никола Карабатиќ (Франција)

Десен бек – Жарко Марковиќ (Катар)

Десно крило – Драган Гајиќ (Словенија)

Пикер – Бартош Јурецки (Полска)

Најкорисен играч МВП – Тјери Омејер (Франција)