Тешка задача за младиот ЖРК Вардар во ЕХФ Купот

ЖРК Вардар доби незгоден противник во рамките во ЕХФ Купот. Избраничките на Симе Симовски ќе имаат тешка задача против унгарскиот Дунајварош.

Унгарската екипа Дунајварош има богата историја во Европа. Покрај шампионските титули во Унгарија , пет од националното првенство, и пет од купот, клубот ја има освоено и Лигата на шампионите во 1999 година, трофејот во КПК (1995),  ЕХФ Купот (1998) и титулата во ЕХФ Шампионскиот трофеј ( 1999) година.

Последниве шест години, Дунајварош не настапува на европска сцена, поради лошите резултати во унгарското национално првенство, но од 2012 година клубот се стабилизира, и претставува главен ривал на трите најдобри унгарски екипи ( Ѓер, ФТЦ, Ерд).
Во клубот имаат настапувано голем број на легендарни ракометарки. Една од нив е унгарската легенда Бојана Радуловиќ која беше една од најзаслужните за високите резултати на Дунафер во Европа.

anita bulath
Анита Булат- главното оружје на Дунајварош Фото-www.nemzetisport.hu

Клубот располага со сите младински категории, и е редовен учесник во помладите лиги во унгарското национално првенство.

Сениорскиот тим Дунајварош е составен од сениорски и младински репрезентативки на Унгарија. Звезда во тимот е Анита Булат која има богато искуство во натпреварите во европските натпреварувања. Анита Булат го носеше дресот и на данските екипи Копенхаген и Виборг, беше дел од РК Подравка Вегета, а во Унгарија настапуваше за Веспрем и Дебрецен.