Противникот на Металург се засилува: Монпеље го „доби“ Бинго(то)

Францускиот тим Монпеље, кој сезонава во Лигата на шампионите е во иста група со македонскиот вицепрвак Металург, донесе ново играч во своите редови. По ангажманот на Порт, Трулановичиус, Жвижеј, Портнер и Косе, последното засилување кое ќе му прави друптво на Мишел Гигу на лево крило е Арно Бинго.

Иако постоеја шпекулации дека Бинго ќе продолжи во полскиот вицепрвак Висла Плок на местото на Никчевиќ, сепак црномурниот ракометар, кој порано играше и за националниот тим, останува во францускиот шампионат и од Трембле се пресели во Монпеље.

Повозрасните навивачи на Металург сигурно се сеќаваат на овој играч, кој беше најдобар во тимот на Трембле со 12 голови на двата меча, кога францускиот тим го елиминира тимот од Автокоманда во Купот на победниците на куповите, сезоната 2009/10.