Поранешната ракометарка на Кометал, нов тренер на ЖРК Самобор!

Поранешната хрватска репрезентативка и членка на Кометал Ѓорче Петров, Наташа Колега од идната сезона ќе биде тренер во екипата на ЖРК Самобор од Хрватска. Наташа Колега како ракометарка имаше извонредна ракометна кариера. Со репрезентацијата на Југославија го освои четвртото место на ОИ во 1988 ( Сеул), а на Светското првенство во Јужна Кореја во 1990 го освои сребрениот медал. Со репрезентацијата на Хрватска има медал од Медитеранските игри во 1997, каде Хрватска го освои сребрениот медал. На клупски план има настапувано за екипата на Подравка, а на македонската ракометна јавност е позната бидејки една година (1999/2000) го носеше дресот на Кометал ЃП.

На првиот собир новиот тренер се запозна со екипата, а беше и одработен и првиот тренинг.

zrk samobor
ЖРК Самобор

Поради финансиската криза која владееше во овој клуб, во минатата сезона Самобор на почетокот го откажа своето натпреварување во регионалната лига, а некои клучни ракометарки го напуштија клубот. Тоа беше причина и за лошите резултати во првенството на Хрватска, а со тоа и губење на местата кои што водат на европска сцена.

Во наредниот период ќе биде познато кои ќе бидат новите ракометарки во екипата на Самобор.