Полска сензационално стигна до бронзениот медал

Шпанија во поинакво издание од полуфиналниот натпревар со многу проблеми во организацијата на играта во напад и допушти на просечната селекција на Полска да стигне до бронзениот медал во малото финале одиграно денеска во Лусаил салата во Доха.

Полска – Шпанија 29-28 (13-11) (11-11) (5-4)

Полска прва го отвори натпреварот и имаше контрола на поголемиот дел од првото полувреме, за во 23 минута првпат репрезентацијата на Шпанија да изеданчи на 11-11. До крајот на полувремето двете репрезентации играа гол за гол за полувремето да заврши нерешено 13-13.

Вториот дел започна со неколку погодоци на двете страни, а Шпанција прва успеа благодарение на добрата одбрана да се одлепи на два 3 подогоци разлика. Во последните 10 минути од регулариот дел Шпанија влезе со предност од 4 погодоци со што широко им беше отворен патот кон бронзата. Полјаците не се откажаа и иако имаа негатива од два погодоци на 2 минути пред крајот благодарение на погодокот на Шиба во последните секунди се изборија за нерешен резултат 24-24 и се изборија за продолженија.

Во првиот дел од дополнително време ништо не се промени и продолжи играта гол за гол, а на крајот на петтата минута на семафорот резултатот беше 26:26. Во вториот дел од полските ракометари го презедоа водството и конечно дојдоа до победа од 29:28.

Одличен натпревар одигра Шиба кој постигна 8 погодоци, а во селекцијата на Шпанија крилото Виктор Томас беше најдобар со 7 погодоци.