Полската репрезентација казнета од ИХФ поради испадот на официјалното лице на полуфиналниот дуел

Очекувно Дисциплинската комисија на 24-то Светско Ракометно Првенство по пријава од техничкиот делегат на ИХФ и официјалниот ИХФ делегат по натпреварот Полска-Катар кој се одигра на 30 јануари изрече казни за постапката на репрезентацијата на Полска.
По завршување на првиот полуфинален натпревар меѓу Полска-Катар, официјалното лице на репрезентацијата на Полска Рафаел Марковски, пристапил до записничката маса и покажал неспортско и агресивно однесување кон судиите и официјалните лица на натпреварот.
Qatar 2015 M81 POL vs QAT
Поради сериозниот прекршок кој е направен од страна на официјалното лице на полската репрезентација, Дисциплинската комисија на 24-то Светско Ракометно Првенство го суспендира Рафаел Марковски во траење од шест месеци според Член 1.1.1 од Правилникот за казни и прекршоци, истотака федерацијата на Полска е казнета парично од истите причини, а според Член 21 параграф 2.1.1. нод Правилникот за парични казни и провизии.