ПЕРФЕКТНАТА СЕЗОНА НА БАРСЕЛОНА (ВИДЕО)

Кирил Лазаров и Барселона минатата година стигнаа до толку посакуваната титула во ЕХФ Велукс Лигата на шампионите. Година во која каталонците го имаа најдобриот на светот во своите редови кој во комбинација со нашиот Лазаров и останатите ѕвезди на Барселона успеаа да се искачат на врвот на Европа.
Оваа година Барселона влегува со исти амбиции, но без најдобриот. Никола Карабатиќ го замени дресот на Барселона со оној на ПСЖ, а бомбардерот Филип Јиха се очекува да ја пополни празнината по неговото заминување. Исто така и Лазаров има нов партнер на десната бековска позиција во името на Марко Копљар. Нова сезона, исти амбиции.

Погледнете го видеото во кое е претставен минатогодишниот пат на Барселона до врвот на Европа, а воедно и видео со кој каталонците најавуваат уште една успешна сезона и одбрана на шампионската титула.


FCB Handbol: La temporada perfecta by fcbarcelona