Копа дел Реј: Димитриевски беше нерешлива загатка за Гвадалахара

Првиот македонски дуел од осминафиналето во Копа дел Реј меѓу тимовите на Гвадалахара и Синфин Сантандер заврши нерешено, 32-32.

Двобој имаа двајцата велешани, Костадин Петров во домашниот и Дарко Димитриевски во гостинскиот тим, а подобар во голгетерскиот ефект беше Димитриевски, кој постигна седум голови.

Патникот во четвртфиналето  ќе биде решен на реваншот во Сантандер на 21 декември, а Синфин ќе биде во предност.

Поради тој натпревар, двајцата  македонски репрезентативци ќе му се приклучат на националниот тим директно пред заминувањето за Србија на контролните средби со Кувајт.