ЕХФ го одбра најдоброто од ЛШ – Кизиќ, Чаневски, Радовиќ, Јотиќ…(ВИДЕО)

Голманот на европскиот шампион Вардар, Марко Кизиќ, ја има втората најдобра одбрана во ТОП 20 изборот на медиа тимот на ЕХФ по десет одиграни кола во Лигата на шампионите.

Покрај Кизиќ, мест меѓу најдбрите има и за двојната интервенција на голманот на Еурофарм Работник, Градимир Чаневски, кој на гостувањето кај Кокс најпрво одбрани пенал, а потоа го запре и ударот по одбиената топка.

Најдобрите 20 одбрани може да ги погледнете ТУКА.

Меѓу најдобрите 20 погодоци, пак, нема место за вардаров играч, но затоа има за двајца од битолскиот тим. Погодокот во последната секунда со кој Мирко Радовиќ му донесе победа на Еурофарм Работник над Савехоф е на 17-то место, додека погодокот од девет метри на Ловро Јотиќ, на гостувањето кај Кокс е на петтото место.

Најдобрите 20 голови може да ги погледнете ТУКА.