МТК Будимпешта создава силна екипа

Унгарската екипа МТК Будимпешта за следната сезона подготвува добар тим, и според новите ракометарки, екипата ќе претставува закана за другите тимови кои ќе се борат за местата кои што водат на  европска сцена.

Ланската сезона, МТК Будимпешта располагаше со млад кадар, и заврши на 11 место . Во бараж натпреварот, ракометарките на МТК Будимпешта обезбедија опстанок во најквалитетното натпреварување во Унгарија.

Екипата ја засилува искусната голманка од австриската репрезентација, Петра Блажек.

Петра Блажек ланската сезона го чуваше голот на францускиот суперлигаш Миос Биганос. Со истата екипа настапуваше и на европска сцена, во рамките на Челинџ Купот. Пред да се пресели во Франција, Петра Блажек осум сезони бранеше за австриски Хипо. Во 2004 година на само 17 години, потпишува професионален договор со Хипо, и се наметнува како трета алтернатива на голоѕ на Хипо.  Со австрискиот тим ги постигнува своите најголеми успеси на клупско ниво од кои најмногу се памети финалето во Лигата на шампионите во сезоната 2007/08.

Со репрезентацијата на Австрија беше дел од ЕП во 2008 година, кое се одржуваше во Македонија, кое Австрија го заврши на 15 место. Во 2009 година на СП во Кина со селекцијата на Австрија го освои 10 место.

Освен Петра Блажек во екипата ќе пристигнат уште 8 нови ракометарки, главно од унгарските тимови.