Моника Јанеска продолжува во Атлантик

Македонската интернационалка во Турција,  Моника Јанеска во новата сезона ќе го носи дресот на Атлантик. Во сезоната што измина Јанеска настапуваше за турскиот прволигаш Трабзон.

janeska monika
Фото-Hentbol Gazete

Добрата игра во Трабзон и овозможи на младата Јанеска преселба во екипата на Атлантик. Екипата на Атлантик од прва лига обезбеди место во најквалитетната лига во Турција. Моника Јанеска во Трабзон пристигна како потенцијално засилувње, ги задоволи апетитети на челниците на клубот, а на терен доминираше со нејзината одлична  игра. Во сезоната што измина Трабзон го освои второто место во првата лига,  а со новиот клуб Јанеска ќе има поголема шанса да ги покаже своите можности.

Јанеска својата кариера ја започна во родниот град Гостивар ,  во екипата на ЖРК Универс, потоа се пресели во Еуростандард ЃП ,  ЖРК Вардар,  ЖРК Гевгелија ,  краток период беше  во ЖРК Кичево и од таму премина во турски Трабзон. Освен на клупски план, Јанеска беше дел и од репрезентативните настапи за Кадетската  Репрезентација на Македонија ( 2009 год.), а пред една година беше дел од составот на Гино Стрезовски на двомечот со Шпанија. На клупско ниво со екипите на ЖРК Вардар и ЖРК Гевгелија имаше настапи на европска сцена во рамките на Челинџ Купот.