Марија Лојпур во унгарски Сегед

Ракометарката на ЖРК Вардар СЦБТ,  Марија Лојпур во идната сезона ќе го носи дресот на унгарскиот клуб Сегед. Се чини дека Унгарија стана привлечна дестинација за ракометарките од Балканот, а Лојпур е една од тие што реши кариерата да ја продолжи во Унгарија. Иако немаше голема минутажа во Вардар, Марија Лојпур минутите што и беа дадени ги искористи во најдобро светло, сепак во конкуренција со  Бегоња Фернандез и Ана Ѓокиќ немаше голем простор за игра. Добрите партии што ги приреди во Вардар и овозможија повик од селекторот Саша Бошковиќ за националниот тим на Србија. Во новата сезона тимот на Сегед ќе се натпреварува во најсилната лига во Унгарија.

lojpur
Фото-www.zrkvardar.mk

Марија Лојпур во Вардар пристигна од Јагодина и беше една од клучните алатки за освојување на првата шампионска титула на ЖРК Вардар. Во 2005 година со селекцијата на Србија на медитеранските игри го освои сребрениот медал,  а на светското првенство кое се одржа во Србија (2013 год) исто така се закити со сребрен медал.