Лерант Вивиен во Хипо

Една од перспективните ракометарки од Унгарија, Лерант Вивиен во наредната сезона ќе го носи дресот на австриски Хипо.

Поранешната јуниорска репрезентативка на Унгарија е првото засилување во Хипо. Лерант Вивиен игра на позиција лев бек , а нејзиниот трансфер во Хипо е враќање во стариот дом. Три сезони настапуваше за Хипо, а во 2011 година преминува во унгарскиот клуб Дебрецен, каде настапува две сезони ( 2011-12, и 2012-13). По две сезони поминати во Дебрецен, Лерант Вивиен се сели во амбициозниот тим Шиофок каде потпишува договор за една сезона.

Со Хипо има освоено шест домашни титули, од кои три титули од супер лигата , и три титули од Купот на Австрија во 2009, 2010 и 2011 година.

Најголеми достигнувања на Лерант Вивиен на клупско ниво се финалето (2008) , и полуфиналето ( 2009) година, во Лига на шампионите со Хипо.

Со јуниорската репрезентација на Унгарија има освоено сребрен медал од европското ракометно првенство во 2009 година.