Катарина Јежиќ повторно во Локомотива Загреб

Репрезентативката на Хрватска и ракометарка на црногорскиот шампион ЖРК Будуќност,  Катарина Јежиќ од идната сезона се враќа во својата родна земја и својот матичен клуб Локомотива Загреб. По две сезони поминати во екипата на Будуќност,  младата и перспективна ракометарка ќе настапува за амбициозната екипа на Локомотива од Загреб. Јежиќ немаше доволно минутажа во Будуќност во конкуренција со Драгана Цвијиќ и Сузана Лазовиќ. Претходно Локомотива Загреб го продолжи договорот со српската ракометарка Сања Рајовиќ која исто така игра на позиција пикер. Во двете сезони во Лигата на шампионите Јежиќ постигна вкупно 25 голови.