Ирина Никитина во Астраханочка?

Руската интернационалка во редовите на црногорскиот тим Будуќност, Ирина Никитина најверојатно следната сезона ќе го носи дресот на амбициозната екипа Астраханочка од Астрахан според гласините во Русија. Ирина Никитина во Будуќност пристигна од Лада Тољјати, но не доби доволно минутажа. Во оваа сезона во дресот на Будуќност на натпреварите во Лигата на шампионите постигна 3 голови, додека во женската регионална лига беше стрелец на 18 голови. Со екипата на Будуќност го освои второто место во Лигата на шампионите и двојната круна во црногорското првенство како и шампионската титула во регионалната лига. Кризата во руската екипа Лада Тољјати, беше причина голем дел од ракометарките да ги засилат останатите руски екипи, една од нив е Астраханочка која создава поквалитетна екипа од ланската сезона. Астраханочка ја напуштија Марија Јовановиќ која се пресели во француски Иси Париз, Миринда Татари се врати во матичниот клуб Подравка, а пак Екатерина Веткова ќе биде новото засилување во дрим тимот на романски Букурешт. Нови засилувања во Астраханочка се Олга Горешина и Викторија Жилинскајте кои пристигнуваат од Лада Тољјати. Во новата сезона Астраханочка ќе се натпреварува и во европските купови.