Икер Ромеро изгуби облог, па мораше да си ја избричи главата

Пред натпреварот кој репрезентациите на Германија и Шпанија го одиграа на Европското јуниорско првенство во Австрија се случи еден многу интересен облог. Боб Хенинг, менаџерот на Фуксе Берлин и заменик претседател на Германската федерација и Силвио Хајневетер од една страна кои прогнозираа победа на Германија, и Икер Ромеро кој сметаше дека неговата Шпанија ќе биде победник во натпреварот.

Хенинг и Ромеро се согласија тој што ќе го изгуби облогот да плати вечера и вино, а Силвио Хајневертер додаде дека поразениот ќе мора да ја избричи и својата глава. На крајот Икер Ромеро го изгуби облогот и мораше да го исполни ветувањето.

На пријателскиот натпревар кој Фуксе го одигра во Австрија, Ромеро го исполни првиот дел од облогот и ја презентираше својата нова фризура.

Ромеро