Голманот кој во текот на ова лето си замина од Пролет и се врати во родното Куманово, Стефан Кимевски денеска има роденден. Тој ќе наполни 29 години.
Роденден има и ракометарот на Чеховски медведи, Русинот Денис Василев, кој ќе го прослави својот 26. роденден.
На списокот на славеници е и Норвежанецот Јонас Миренг Елверхој. Тој игра за тимот на Елверум, а полни 19 години.
И Швајцарецот Он Лангеник исто така полни 19 години. Тој го носи дресот на тимот на Кадетен Шафхаузен.
Ракометарката од Данска, која игра за Есбјерг, Лине Ана Риборг Јоргенсен е повозрасна од нив. Таа денеска го прославува 30. роденден.
Среќен роденден Стефан, Денис, Јонас, Он и Лине!


