Среќен роденден Ико, Јована, Марина…

Селекторот со кој Македонија се врати на големите натпреварувања во 2009 година и го освои 11. место на Светското првенство во Хрватска, Илија Темелковски денеска слави роденден. Ико кој со три генерации на младински селекции завршуваше со одличен пласман при што има 4. место на ЕП 2002 и 6. место на СП 2017 денеска ќе наполни 66 години.

Младата ракометарка на Куманово, Јована Кипријановска исто така има роденден. Таа денеска станува полнолетна.

На списокот е и поранешната репрезентативка на Македонија и членка на Кометал Ѓорче Петров, Марина Наукович Ламбевска. Таа денеска полни 40 години.

Роденден има и Леон Моралес Адрија. Шпанецот кој игра за Барселона ќе наполни 26 години.

Французинката од Брест, Амината Вагу денеска ќе го прослави својот 21 роденден.

Среќен роденден Илија, Јована, Марина, Леон и Амината!