Ива Понграц ја напушта Подравка , на проба во Германија

Левото крило на Подравка, Ива Понграц по 14 години поминати во Копривница, има можност да ја промени средината.

Во наредните денови, Понграц ќе заминe на проба во Германија, во бундеслигашот Бајтигхајм. Доколку се покаже во добро светло, и успее да ги задоволи челниците на клубот, за неа тоа ќе претставува почеток на интернационална ракометна кариера.

Ива Понграц во Подравка Вегета ги помина сите младински категории, а од 2009 година е ракометарка на првиот тим на Подравка.