Златото од Катар за наредниот домаќин: Франција заслужено до врвот на светот по петти пат!

Малкумина очекуваа финалето во Доха да помине во знакот на Катар, но со борбеноста и спортскиот дух, репрезентативците кои настапуваат под знамето на земјата домаќин се заблагодарија за довербата на најдобар можен начин. Иако не блескаа во првите три дена на светското првенство „експертите“ од Франција важеа за прв фаворит пред почетокот на првенството, а таа улога ја потврдија повеќе пати како одминуваше турнирот. Катар од друга страна патот до финалето го помина само со еден пораз од репрезентацијата на Шпанија и убедливи елиминациски натпревари во кои „жртви“ на новите судиски правила беа Австрија, Германија и Полска .
Франција 25-22 Катар(14-11)
Натпреварот започна како што предвидоа светските експерти кои го коментираат ова светско првенство, Франција поведе, а минималната предност ја чуваше во текот на целото прво полувреме. Карабатиќ, кој недвојбено е најкорисен ракометар на првенството, ја предводеше Франција до 1-3 во 6-та минута. Катар одржуваше приклучок до 15-та минута кога Нарцис ги постави првите три голови предност, а при тоа Катар во наредните две минути продолжи со двајца ракометари помалку. Њокас , во 20-та минута ги постави највисоките пет голови предност за Франција 6-11. До крај на првиот дел Катар го намали високото француско водство на три голови разлика, 11-14.
Qatar 2015 M88 QAT vs FRA
Малаш најави неизвесна завршница на почетокот на вториот дел со два гола во низа за минимални 13-14, но Франција возврати преку Бараше и Сорендо и повторно ја врати предноста од полувремето, 13-16. Последна шанса да направи нешто повеќе Катар ја имаше на 15 минути до крај на финалето, предводниците на селекцијата на Катар, Марковиќ и Капоте ги доведоа домаќините на само гол од големиот сон за титулата светски првак. При резултат 18-19 Бараше кој ги одигра вторите триесет минути на местото на Њокас беше човекот за одлука заедно со Омејер. Ал Карби ја имаше последната сламка за спас на катарското злато, во последните пет минути Катар при резултат 22-24 имаше шанса од контра напад да го намали резултатот на само еден погодок разлика, но рамката на голот беше сојузник на Омејер за ново петто славје на репрезентацијта на Франција . Нарцис стави точка на натпреварот за конечни 25-22.
Марковиќ со 7, Капоте со 6, Карабатиќ со 5 голови и Нарцис и Порте со четири голови го одбележаа ова финале.