Дмитровиќ сепак оди во Турција

Дилемата, каде десниот бек на ЖРК Вардар СЦБТ и српската репрезентација, ќе ја продолжи својата кариера е решена.
Марина Дмитровиќ потпиша договор на една сезона со турската екипа Анкара-Јенимахал која првенството го заврши на второто место. Иако се повеќе се говореше дека Дмитровиќ ќе потпише за Орду тоа не се случи. За Јенимахал настапува и македонската репрезентативка Ленче Илкова како и поранешната „кометалка“ Јелиз Озел. Турските клубови решија да доведат ракометарки од странство, со цел да се подобри првенството и конкурентноста на домашните клубови во европски рамки.