Две репрезентативки на Јапонија го засилија унгарски Фехервар

Унгарските клубови активно работат на ангажман на странски засилувања за следната сезона.

Јапонските репрезентативки Ишитате Мајуко и Танабе Јуку од следната сезона ќе го носат дресот на унгарскиот клуб  Фехервар. Со овие трансфери екипата на Фехервар ќе ја зголеми конкуренцијата во домашното национално првенство, и ќе се обиде да се замеша во борбата за висок пласман. Ишитате Мајуко во Унгарија ќе пристигне од нејзиниот досегашен клуб Омрон, додека Танабе Јуку пред да направи трансфер во Фехервар, го носеше дресот на Хококу. Мајуко игра на позиција среден бек, додека Јуку игра лево крило.