Грот и Томори во Ѓер!?

Репрезентативката на Холандија и ракометарка на Митјиланд, Корнелиа Грот според шпекулациите во ракометните медиуми во Данска и Унгарија ќе биде нова ракометарка на Ѓер. Грот игра на позиција среден бек а токму оваа позиција е најслабо покриена во екипата на Ѓер. Освен Грот во медиумите се спомнува и ракометарката на ФТЦ Будимпешта, Жужана Томори која беше прогласена за најдобра светска ракометарка во 2012 година од читателите на ,,Хандбал Планет”. Дали Грот и Томори ќе бидат нова аквизиција во Ѓер ќе се дознае во наредниот период.

Фото: Henk Seppen