Германија успешно ги стартуваше подготовките: Исланд без Палмарсон декласиран сред Рејкјавик

Во пријателски дуел на двете репрезентации кои преку вајлд карта ќе настапат на Светското Првенство 2015, Германија со 31-24 ја порази репрезентацијата на Исланд во преполната Лаугардалшол сред главниот град Рејкјавик. Ислсанѓаните имаа почетно водство од 5-1 кое не успеаа да го задржат до крајот на првото полувреме, Германија го подигна темпото во вториот дел и заслужено ја обезбеди победата. Вајнхолд со шест голови ги предводеше Германците до стартната победа во новата година.

“Имавме тежок почеток, но за среќа го свртевме резултатот во наша корист. Не беше се сјајно, но одигравме задоволително.Треба да подобриме некои сегменти во играта. Во второто полувреме ги намаливме грешките и бевме ефикасни во нападот. Тоа е добра основа, надеж и зголемување на нашите амбиции.“
изјави Патрик Гретцки по натпреварот.
Фото: VÍSIR/ERNIR
Фото: VÍSIR/ERNIR

 

Александар Петерсен беше единствениот расположен ракометар кај Исланѓаните. Овие две репрезентации ќе одиграат уште еден подготвителен натпревар во понеделник во истата арена. Исланд се надева на брзо опоравување на главната ѕвезда во селекцијата, Арон Палмарсон, кој заработи незгодна повреда на јаболчницата пред Нова Година.