Вардар меѓу ретките клубови: Две години по ред со шампионки од своите редови

После Камила Херем, Вардар ги слави и Амандин Лејно и Александра Лакрабер. Ракометарките коишто вчера дојдоа до титулата одработија одлично во финалето против Норвешка така што успеаја да стигнат до голем триумф од 23:21.

Оваа победа за Франција значеше дека втора година по ред ракометарки на Вардар се закитуваат со трофеј на големо натпреварување.

Лани истото се случи со Камила Херем која со Норвешка победи на Европското првенство, кога ја совладаа Холандија со 30:29. Сега истото им успеа и на Лејно и Лакрабер, а доколку се има предвид дека и Сираба Дембеле и Алисон Пино го имаат носено дресот на Вардар успехот е поголем.

Сепак, останува да се потенцира и тоа дека Амандин Лејно и Александра Лакрабер имаа многу важен удел во победата. Лејно спаси неколку топки во клучните моменти, додека Лакрабер беше таа која го постигна голот за победа од 23:21 со што им ги уништи и најмалите шанси на Норвежанките за позитивен резултат и за втора титула за Франција на Светските првенства.

Со ова Вардар стана еден од ретките клубови кој две години по ред има свои шампионки со различни репрезентации. Секако успех кој зборува многу и за работата во екипата.