Втора Мундијалска круна за Франција: Големата радост на новите шампионки (ВИДЕО)

Ракометарките на Франција се новите шампионки на светот, а тоа им е втора круна на Мундијалите. Првиот успех го имаа во 2003 година кога после продолженија успеаја да ја совладаат селекцијата на Унгарија. Сега против Норвешка ги решија сите дилеми во 60 минути, но во меч со малку голови.

Како се радуваа Французинките можете да погледнете во видеото подолу, а дефинитивно ова е голем успех за нив бидејќи успеаја да покажат со една одлична генерација дека знаат како да ја победат и Норвешка која делуваше неприкосновено во елиминациите.