Борко Ристовски во Кретеј

Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски во наредните три сезони ќе го носи дресот на францускиот тим Кретеј. Екипата на Кретеј се врати во најквалитетната француска лига,  и според најавите има силни амбиции за следната сезона. Ристовски е дел од првиот бран засилувања на францускиот тим, заедно со Чепреги (централен бек. Романија, Констанца) и Торомановиќ (пивот, БиХ, Висла Плок). Амбициите и финансиската понуда на тимот од Кретеј, зад кого стои градоначалникот на градот, биле пресудни Борко да заигра во Франција и да стане единствениот македонски ракометар кој играл во трите најквалитетнии ракометни првенства во светот.

Борко Ристовски во Кретеј ќе пристигне од катарскиот тим Ал Aхли каде настапуваше во сезоната што заврши. Освен за катарскиот тим ,  Ристовски застана меѓу стативите  на германски Гумерсбах,   РК Вардар,  РК Металург,  Теурко,   Алгеирас,  РК Работнички,  РК Југ и  РК Македонија.