Целје се намачи со Копер, но го освои словенечкиот Супер Куп

Словенечкиот првак Целје Пивоварна Лашко имаше проблеми со тимот на Копер, но сепак на крајот го освоија Супер Купот на Словенија, кој се играше на отвореното ракометно игралиште во Порторож.

Целје победи со 25:24, а на полувреме беше нерешено 12:12, па стана јасно дека Копер ја враќа старата слава и дека сезонава ќе има што да каже на домашна сцена. Најефикасен во победничкиот тим беше Малус со 8 голови, од кои 5 од пенал, а Маргуч и Беќири дадоа по 4, додека голманот Гајиќ имаше 12 интервенции. Целје е противник на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите.