Храбро, но недоволно да се срушат ракометните џинови: Франција дојде, виде, победи…(ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската јавност се соочи со најквалитетната репрезентација во поновата историја на ракометот. Гости во Скопје беа најдобриот светски ракометар Карабатиќ, легендарниот Омејер, фантастичниот Абало и останатите ракометари кои заминаа од Светското првенство во Катар со најсјајните одличја. Франција беше шанса оваа генерација ракометари на Македонија, конечно да добие потврда за својот квалитет. Ниту одличните интервенции на Петар Ангелов не беа доволни да се срушат ракомените џинови. Имаше моменти кога Македонците веќе ја прославуваа победата, финишот на мечот понуди драма и надеж за нерешен резултат, но Махе ги разочара сите во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје и стави точка на средбата.
Резултат за почит, но и знак за претпазливост пред конечните дуели кои ќе ја донесат разврската во квалификациската група 6…
[Best_Wordpress_Gallery id=”94″ gal_title=”Makedonija-Francija (OD IGRA)”]

ФОТО: ФИЛИП ВИРАНОВСКИ