Хипо ослабен во новата сезона

Австрискиот гигант Хипо претрпе големи промени, па така во новата сезона ќе настапи во нов состав. По заминувањето на бразилската колонија која владееше во Хипо изминатите десетина година, клубот ќе се потпре на ракометарки од вториот тим, и засилувања од другите клубови. Хипо го напушти и најдобрата ракометарка, Александра До Нацименто која беше главен лидер на тимот во последните сезони.

Нови ракометарки во екипата се Лерант Вививен , Мариана Коста , Мартина Горичанец, Вес Клаудија, Мирела Дедиќ, Кристина Белик, и Гомез Роча. Мартина Горичанец и Мирела Дедиќ  беа дел од Хипо во 2012 година. Клубот го продолжи договорот со Горица Ачимовиќ, Стефани Каишер, Олга Санко, Маулер Викторија, и Хајгато Ана.

Познато  е дека во австриското првенство Хипо нема конкурент за шампионската титула, па така сите цели се насочени кон добро претставување во Лига на шампионите. Се уште не е познато дали клубот ќе учествува во женската регионална ракометна лига. Во Лигата на шампионите, Хипо е во група со РК Крим Меркатор од Словенија, Динамо од Русија, и победникот од квалификациската група 1.

Пред две недели екипата ги започна подготовките за новата сезона. Хипо одигра и неколку пријателски натпревари со ФТЦ од Будимпешта, и Ерд каде беше високо поразен.