ФТЦ убедливо против Хипо и на втората контролка

Ракометарките на ФТЦ повторно беа убедливи против австриски Хипо на вториот контролен натпревар во Австрија. Екипата од Будимпешта на првиот натпревар триумфираше со резултат 27:34 ( 16-17), додека на вториот натпревар славеше поубедлива победа со високи 25:36 ( 15-17).

Најефикасна ракометарка кај Хипо беше младата Стефани Каишер која се покажа во одлично светло, и постигна шест голови во мрежата на гостинките. Кај ФТЦ најдобар стрелец беше германската репрезентативка, Лаура Стејнбах со шест голови.

Овие натпревари беа првите контроли и за двете екипи. ФТЦ наредните денови ќе се подготвува физички, а потоа ќе настапи на неколку ракометни турнири. Екипата ќе биде дел и од турнирот во Романија, организиран од Баја Маре, каде освен домаќинот (Баја Маре) и ФТЦ, учество ќе земаат и Крим од Словенија, Астраханочка и Ростов Дон од Русија, и екипата на Лувента од Словачка.