Турнирот во Михаловце пред крај: Баја Маре со максимален учинок

На 8 август стартуваше ракометниот турнир во Словачка, Михаловце . На овој турнир учествуваа екипите на   Михаловце, Астраханочка, Дебрецен, и Баја Маре. Унгарскиот клуб Дебрецен и романската Баја Маре не настапија во комплетен состав, поради тоа што дел од ракометарките кои што настапуваат во овие два тимови, се на турнир во Кечкемет со своите репрезентации (Унгарија и Романија).

Денес на програмата се натпреварот за третото место како и финалето во кое ќе ги одмерат силите Баја Маре и Астраханочка.

Резултати

Петок, 8 август

Михаловце-Астраханочка 27:24

Сабота, 9 август

Дебрецен- Баја Маре 32:34

Дебрецен-Астраханочка 18:36

Михаловце- Баја Маре 23:26

Недела, 10 август

Натпревар за третото место

Михаловце- Дебрецен ( почеток 10:00)

Финале

Баја Маре- Астраханочка ( почеток 12:00)

Во 14:00 часот, ќе биде прогласен победникот на турнирот и за тогаш е закажано и доделувањето на медалите.