Тежок пораз на Металург на гостувањето во Швајцарија.

Екипата на Металург го доживеа највисокиот пораз од десет погодоци разлика 27-17 на гостувањето во Швајцарија во рамките на осмото коло од групната фаза во Лигата на шампионите од екипата на Кадетен Шафхаузен.

Металург-Кадетен Шафхаузен 27-17

Металург го отвори натпреварот со погодокот на Шпилер, но по 8 минути игра прими три погодоци во низа со што домаќинот ја превзеде првичната иницијатива. Сепак составот на Лино Червар набрзина влезе во мини серија па го сврте резултатот во своја полза и во 11-тата минута резултатот гласеше 5-3 во полза на Металург. Дупјачанец беше одличен на голот и на средина на првото полувреме во моментите кога Металург имаше предност од 4 погодоци 5-9. Следуваше период со технички грешки на Металург кои ги искористи Кадетен и израмни на 9-9 на пет минути пред крајот на првото полувреме. На минута пред крајот на првото полувреме Кукоски не успеа да поентира од контра напад, а по една грешка на противникот во последните секунди од првото полувреме Бувиниќ даде гол за израмнување на резултатот (10-10).

EHFcl-Metalurg-Motor-2483

Второто полувреме го отвори Кадетен со гол на Бранбергер, но на спротивната страна Бувиниќ веднаш возврати за 11-11. Се до 40 тата минута се играше гол за гол , за потоа Кадетен да создаде мини-предност од два гола 16-14) Постот на Металург го прекина Шпилер со својот трет гол за 18-15. Последните петнаесет минути беа почеток на крајот за Металург. Несигурноста во нападот, техничките грешки како и слабата одбрана доведоа Металург да го доживее највисокиот пораз сезонава во Лигата на шампионите. Со гол во последните 20 секунди од натпреварот Кадетен го запечати натпреварот за конечни 27-17.

Во составот на Металург, Божовиќ беше најпрецизен со 4 гола,Шпилер постигна 3,  а Дупјачанец забележа 11 одбрани. Во екипата на Кадетен најпрецизен беше Линигер со 9 погодоци.

Следниот натпревар Металург го игра на домашен терен со екипата на Скјерн.