Стартуваше данското првенство : Победи за фаворитите

Една од поинтересните првенства во светот – данската женска супер лига во средата го означи стартот за новата 2014/15 сезона . Виборг и Митјиланд важат за големи фаворити за освојување на титулата оваа сезона. Рандерс, Холстебро и Есбјерг се тимови кои во ниту еден случај не треба да се отпишат од борбата за тронот но нивниот играчки кадар е далеку послаб во однос на главните фаворити. Од друга страна пак, екипите на Oрхус, Копенхаген, и Оденсе ќе се борат за што поголем пласман. Интересни ќе бидат и дуелите меѓу екипите  на Силкеборг, Скиве, Никибинг и Ринкибинг кои ќе се борат за одбегнување на последните места кои водат во понизок ранг на натпреварување.

Во недела силите ќе ги одмерат Виборг и Есбјерг. Во изјава за клубскиот веб-сајт, тренерот на Виборг изјавува дека тоа ќе биде натпревар како и секој друг во првенството.

Ќе се обидеме да победиме. Ние бевме поразени од Есбјерг во минатата сезона, но сепак успеавме да станеме шампиони, поради тоа овој натпревар не е од клучно значење за нас бидејќи долга е сезоната и ќе имаме уште многу предизвици

Резултати од првото коло – сезона 2014/15

Твис Холстебро – Есбјерг 26:27

Рандерс – Силкеборг 40:21

Митјиланд – Скиве 36:19

Никибинг – Ринкибинг 17:20

Орхус – Копенхаген 28:23

Виборг – Оденсе 26:22