После 14 години го напушта клубот и не можеше да ги сокрие солзите (ВИДЕО)

Бјарке Кристенсен, 27 годишниот Данец го одигра последниот натпревар за Скјерн после 14 години во клубот. Тој не можеше да ги сокрие емоциите по одигрувањето на последниот натпревар за неговиот досегашен клуб.

Во изјавата за ТВ2 на Кристенсен му требаше дополнителено време за здив пред да одговори на прашањата на новинарката за да не пушти солза. Сепак емоциите беа посилни и очите на левото крило на Скјерн го издадоа.

„Мислам дека нема да можам да кажам многу зборови пред да ми наидат солзите на очи. Ова е посебно, 14 години се долг период и тука има многу луѓе што ги сакам. Сепак без сомнение оваа одлука е сто проценти вистинска за мене. Но јас сум многу чувствителен човек и за мене во овој момент е навистина тешко“, изјави Кристенсен веднаш по одигрување на последниот меч за Скјерн.

Емотивната изјава на Кристенсен погледнете ја во следното видео:

Новиот клуб на Данецот е Морс-Тиј со кој потпиша договор до 2022 година. Одлуката да го напушти Скјерн доаѓа после долгиот период во кој тој беше незабележителен на клупата што не му се допаѓа на Кристенсен.